Teambryo е веб апликација за лесно споделување информации во вашата компанија со вклучено менаџирање на тимови и задачи. Обезбедува оптимизирана комуникација, следење на статуси и нотификации за неопходните информации од целокупното работење, важни настани, одлуки, состаноци или едноставно информација која е потребно да се сподели како средство кон определена бизнис цел.

Обезбедуваме On-line Demo на Ваше барање !

Функционалности

Прилагодлив дизајн

Достапност на апликацијата на мобилен, таблет или десктоп пребарувач.

Јасен поглед на важни елементи

Јасен поглед на споделени информации: задачи, предмети, делови и проекти.
Пребарување, нивоа на приоритет, коментари, временски зони, поддршка на повеќе јазици.

Графици за продуктивност

Графици за продуктивност на моја активност, активност на секција, проект и оддел.

Филтри

Филтрирање на прегледи по категории како што се “Доделено на мене”, “Креирано од мене”, по лабела, оддел, рок итн.

Доделување и Нотификации

Доделување на задачи на други, креирање на проекти и прием на нотификации за коментари или комплетирање. Добивање на нотификации во апликацијата и на email.

Едноставна администрација

Само-менаџирање на кориснички профил и модул за администрација и конфигурација на едно место.

Контактирајте не за цени и дополнителни информации