PrymApps (ПРАЈМ АППС ДОО Скопје) е компанија основана во 2013 година, во чија основа е тим со долгогодишното искуство во IT индустријата стекнато преку работа и проекти во и за домашни и меѓународни компании, со високо реноме во светски ранг.

Нашето знаење и идеи за оптимизација на процеси се втемелени во решенијата кои ги изработуваме и нудиме.

Илијанчо Гаговски

Илијанчо Гаговски

Директор

Илијанчо Гаговски е основач и Директор на PrymApps.

Неговото професионално искуство вклучува повеќе од 23 години работа во ИТ индустријата, 11 години како прв човек на канцеларијата на Microsoft во Македонија , 2 години како раководител на продажба и маркетинг во Логин Системи и 7 години во МБС – IBM Alliance.

Илија Јованоски

Илија Јованоски

Технички Директор

Илија Јованоски е основач и Технички Директор во PrymApps.

Има повеќе од 16 години искуство во развој, консалтинг, ревизија и сигурност на ИТ системи стекнато при работата во Deloitte, Халкбанк и НБРМ. Поседува магистерска титула од ФЕИТ при УКИМ, сертификати за ITIL Foundation, PRINCE Project management и е CISA (Овластен ревизор на информациски системи).